Охрид, 10 јули
– Во сабота, 14 јули, во Белчишта, општина Дебрца,свечено ќе биде отворена ликовната колонија “Дебрца – 2018”, една од најстарите и секако најбогатата според колекцијата уметнички дела, во нашата земја.
Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како овде ја нарекуваат, италијанска касарна,од времето на окупацијата, а од 2005 година, свој објект со сите услови за галерскo ускладиштување и презентирање.
– Ликовната колонија Дебрца, не само што е најстара и со најбогат фонд од над 700 дела, тука, е таа, сама по себе, нешто многу повеќе од само ликовна. Таа е настан, случување, со настапите и драмската лирика на еден Славко Нинов, на разиграните клавијатори под прстите на Валери Стефаноски, на композициите на Ристо Аврамоски, на громкото пеење на Ѓеорѓи Боќиков и на многу други великани – вели ликовниот уметник и основач на колонијата Ѓорѓи Целески.
Целевски додава дека печат на Колонијата давале лкковни великани од постарата генерација, како profesorot Димче Коцо, potoa Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други.
На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, , Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други.
Што се однесува до годинешните учесници, во Белчишта, Црвена Водаи на други места, ќe создаваат: Од Македонија-Стадим Димитров, Запро Запров,Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески,како и брачното и уметничко дуо-Стојче и Емилија Тоциновски.
Од Албанија доага Тасо Констандини, а од Бугарија – Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева.
– Со колонијата живее цела Дебрца, а не само селото Белчишта, седиштето на локалната самоуправа .Еден ден, учесниците ќе творат во природниот питоресткен и историски амбиент на селото Црвена Вода, додека излети ќ еимаат во сите села во општината, Охрид, како и атрактивниот црковно-манастирски комплекс “Илинска Црква”, високо на Илинска планина, на преминот кон општина Демир Хисар – вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески