Од Таринци, најголемото село во општина Карбинци, до општинскиот центар Карбинци, ќе се вози по сосема нов асфалт кој се поставува согласно најдобрите европски практики и стандарди.
Новиот асфалтен слој се поставува врз тешко оштетениот стар асфалт на патната насока долга два километри.
Ова е прва позначајна работа на новата локална власт во малата општина Карбинци и прв конкретен и јасен доказ дека новиот градоначалник Јордан Насев, веднаш по превземањето на функцијата, започна да ги остварува своите предизборни ветувања во однос на обнова на постојната и изградба на нова сообраќајна инфраструктура.
Помош во оваа работа општината доби од централната власт. Премиерот Зоран Заев на карбинчани им вети дека во нивната општина ќе има живот за сите, без оглед на политичката, верската, расната или било каква друга припадност.