Koчани, 04.05.2018
За само половина година општина Кочани врати долг од 53 милиони денари. Ова на прес конференција го истакна градоначалникот Николчо Илијев.
„На 25 октомври 2017 година наследивме долг од 49 милиони денари, а во периодот потоа пристигнаа уште 27 милиони денари. Вкупниот долг на Општина Кочани од 76 милиони денари, со одговорно и домаќинско работење, до 30 април годинава, го сведовме на 23 милиони денари, а притоа редовно ги подмируваме и тековните обврски. Најголеми кратења имавме кај непродуктивните трошоци, а со новите рестриктивни политики во наредниот период очекуваме целосно раздолжување на Општината“, изјави за медиумите градоначалникот Илијев.
ЗАШТЕДА „Благодарение на транспарентноста во јавните набавки, ние заштедивме 6 милиони денари, средства со кои покрај планираните единаесет ќе градиме уште две улици, а распределуваме средства за нови инфраструктурни проектирања“, рече Илијев.
За прегледно и појасно претставување пред јавноста, во табеларен преглед, Општина Кочани ги прикажа платените обврски од крајот на октомври 2017 до март 2018 година и достасаните и платените обврски до крајот на март.
„Благодарение на транспарентноста во јавните набавки, ние заштедивме 6 милиони денари, средства со кои покрај планираните единаесет ќе градиме уште две улици и распределуваме средства за нови инфраструктурни проектирања. Очекуваме да ги надминеме планирањата во развојните програми“, нагласи Илијев.
Првиот граѓанин на Кочани уште најави дека со поддршка на централната власт очекува реализација на неколку капитални проекти: изработка на пилот-проект на градинка по европски стандарди, реализација на Домот за стари лица, продолжување на работите на браната Речани и на изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани.