Останете мирни, да возвратиме со трпение

Охрид, 27.04.2017

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Граѓани на Македонија – останете мирни, останете во домовите, да возвратиме со трпение! Претчувството е глас Божји, во густа темна шума! Затоа, треба навреме да се препознае. Попладнево, му пишував неколку пораки на Богдан – Боби Илиевски. Се понадевав дека ќе допрам до него и лугето што ги предводи. Со пораката, со апелот дека трагедијата е лузна што секогаш сами ќе си ја носиме! Сила со идеја е револуција, сила без идеја е насилство! Се понадевав дека ќе ја спознаат вистината и таа ќе ги ослободи (Апостол Јован).

Во моменти, кога на нацијата, разединета со конфликти, е неопходно да и го вратиме чувството на заедништво и одговорност над заедничката судбина. Како нација можеме да имаме меко срце, но не сммеме да си дозволиме да бидеме со слаб ум. После се што се случи, мојата дребност, си зема за право, да се обрати до сите во Македонија, до сите нејзини грагани. Од сите нации, вери и исповеди. Останете мирни, останете во домовите, возвратетете со трпение! Се му даоаѓа навреме на оној кој умее да чека. Во секој почеток е крајот и во секој крај се раѓа нов почеток. Поделената куќа не може да стои, туку ќе падне. Да не ги разурнеме и последните столбови. Сите на некој начин си ја носиме својата голгота.Има страдања кои значат победа. Што би било од христијанството, да не беше Голготата!? Никој не може да ја дочека зората, а да не помине низ ноќта (Халил Џубран)

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе