Охрид: Одбележување на 25-годишнината од зачленувањето на Македонија во ОН и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“
Ахил Тунте: Ние му бевме советници, а тој нам ни беше учител
Охрид, 28 август – Македонската академија на науките и уметностите и Дипломатскиот клубод Скопје, синоќа, во Куќата на Уранија (МАНУ) во Охрид, на бројната публика – академици, професори, дипломати, соработници на Глигоров и грагани, и приредија впечатлива промоција на Зборникот „За и од Киро Глигоров“ во Охрид, а воедно беше одбележан и 25 годишнината од зачленувањето на Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
Ахил Тунте, дипломат и догогодишен советник во Кабинетот на Киро Глигров, привиот претседател на независна и суверена Република Македонија, во емотивното обраќање, речедека тие од една страна му биле советници, додека од друга – Глигоров им бил учител на оние што го советувале, нагласувајќи ја хуманата и човечка димензија на Претседателот.
– Сето тоа од него правеше човек кој гледаше преку две планини, лидерство какво што и е потребно на Република Македонија и денес.Киро Глигоров беше бенефит и привилегија на Република Македонија, лидер со лична филозофија упатена кон доброто на човекот и просперитетот на нацијата, придобивки остварливи само преку стабилност и безбедност на земјата, преку ингеграцијата на Македонија во светските трговски, економски, финансиски и политички процеси – потенцираше Тунте.
Тунте, посочи дека Глигоров прифатил компромис за прием на Македонија во ОН, затоа што знаеше дека тоа ќе донесе членство на земјата во Светската банка, ММФ, широко меѓународно признавање. Такво лидерство ни треба и ќе бидам слободен да речам дека Глигоров треба да се препрочитува, се она што тој го има кажано за најважните, за суштествените прашања на животот и развојот на Република Македонија. Уште повеќе, кај него можат да се најдат одговори на многу битни прашања за иднината и просперитетот на земјата.
За меѓународната димензија на етаблирањето на Република Македонија на светската политичка сцена, а во тој контекст и за личниот придонес на Глигоров, говореше амбасадорот Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб.
Габер, забележа дека токму претседателот Глигоров, со неговото искуство и визија,овозможи Република Македонија да се раздели од југословенската заедница без ниту една жртва во земјата, сошто даде огромен влог во вешто изведената надворешна политика на македонското раководство на чие чело девет години неприкосновено стоеше Глигоров. Токму тој со своето државничко искуство го носеше товарот на сознанието за немилосрдноста на геополитиката кон оние што немаат моќ, потенцираше Габер.
Во истиот контекст говореше и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити. Според Фити, Глигоров спаѓа во редот на најмаркантните личности од поновата историја на Македонија. Токму тој успеа да се избори Македонија да се осамостои по мирен пат, дури и да ги заврши успешно преговорите со поранешната ЈНА и на тој начин да го да го оствари својот вековен сон за самостојна независна држава.
– Глигоров спаѓа во редот на најмаркантните личности од поновата историја на Македонија. Токму тој успеа да се избори Македонија да се осамостои по мирен пат, дури и да ги заврши успешно преговорите со поранешната ЈНА и на тој начин да го да го оствари својот вековен сон за самостојна независна држава,.
Академик Фити, ја нагласи ја политичката улога на Глигоров како сојузен државен политички функционер, но и како стручен, високопрофесионален научник со знаења, умеења и вештини во областа на економијата. За зборникот, издаден од МАНУ, рече дека ќе послужи за проучување на неговото дело и во економската сфера, како четиво што ја обработува економската историја на Македонија, проблематика за која многу малку се знае и познава, рече Фити.
– Трудовите на Глигоров беа високовреднувани кај научната фела, објавувани во најпрестижните економски списанија на поранешната Југославија, како теоретичар кој одлично ги познавал економските текови, уште повеќе како доследен почитувач на неколку константи – правилен однос кон пазарните економски законитости, внесување економски поттици во стопанскиот систем, изнаоѓање оптимален однос меѓу дејствувањето на пазарните законитости и улогата на власта во корекцијата на неуспесите на развојните планови – рече Фити.
На промоцијата на делото „За и од Киро Глигоров“, пред присутните се обрати и ги поздрави градоначалникот на Охрид Д-р Јован Стојаноски, додека публицистот и новинар Веле Митаноски, на советникот Ахил Тунте, му ја предаде целокупната лична архива, собирана од 1975 година наваму – како известувач, пратеник, владин функционер и личен пријател на претседателот Глигоров.
Веле Митаноски