Штип, 27.11.2016
Знае ли воопшто локалната власт што (ќе) прави со ФК Брегалница? И со спортот во градот воопшто? Има ли компас, насока, идеја, пред се и над се има ли такво нешто градоначалникот Илчо Захариев?
Но, зошто во Штип се поставува едно вакво прашање?
Илчо познат како Нарцисот од Звегор, прво изјави дека за превземање на Брегалница има заинтересирани две странски фирми. Но, што се случи во пракса? Во Штип дојде турски бизнисмен, јавна ја обзнани својата жеба да вложува во клубот и од него да направи успешна приказна. Но, инвеститорот во Штип се задржа неполни два месеца, идејата пропадна а никој не објасни во што беше причината за тој дебакал.
Пркатично, во спортските кулоари се говори дека тој што ги повикал (Захариев) тој и ги избркал. Причина-непозната.
Потоа дојде нова лага. За Брегалница биле заинтересирано домашни бизнисмени. Помина месец, три месеци па и повеќе от тоа, а од идејата-нула.
Трета клапа од неуспешниот филм. Кога беше скроен предлог буџетот во него немаше ставка за ФК Брегалница. Така наредил Захариев. Но, вчера тој ни приредува ново изненадување. На креаторите на буџетот им дал наредба да направат нова буџетска кројка и во неа, за фудбалскиот миленик, да стават ставка од 10 милиони денари! И сега, за се да си биде според закон, Буџетот е даде пред Комисијата за спорт, зашто така бара процедурата. На сите им е јасно каква предлог одлука ќе донесе оваа комисија.
Логиката води кон тоа дека Илчо си купува време. Чека да дојдат изборите, да го види резултатот, па да донесе дефинитивна одлука. Не е убеден човекот дека неговата партија ќе победи, дека ќе формира влада. Во тоа е поентата.
Во Штип, град на квалитетен спорт кој некогаш го имал, откако е Илчо градоначалник сé оди удолу. Денес Радовиш и Свети Николе се пред Штип, да не зборуваме за Струмица.
Штип, со Илчо на чело на градот, во спортска смисла стана мртва точка на спортската карта на Македонија. И во такви услови, по пауза од осум години пак ни ветува затворен базен?! Сигурно мислат ватерполо да развиваат откако го „развија“ кајакот на мирни води на Брегалница.
Вчера во Штип трибина одржаа директорот на Агенцијата за спорт, Марјан Спасевски и кандидатите за пратеници Трајче Димков и Никола Мицевски. Тема- предлог програмата на ВМРО ДПМНЕ од областа на спортот. На трибината немаше речиси ниту еден педагог по физичка култура, врвни спортисти, бизнисмени, не забележавме активни спортисти, ниеден фудбалер, или тренер…
Директорот на Агенцијата Марјан Спасевски уште еднаш, по период осум години, одново ни најави дека во Штип ќе се гради затворен базен. Такво ветување ВМРО-ДПМНЕ даде и пред осум години. На оваа трибина ниту збор дека во Штип ќе биде изградена Универзална спортска сала. Штип е речиси единствениот поголем град во Македонија, без поголема универзална спортска сала. Таква сала ДПМНЕ најави пред 14 години, кога беше поставен камен темелник кај месноста Пчеларник. Сега најавуваат некакви патеки за каскадери… До кога ќе се залажуваат штипјани со вакви лаги. Штип остана без кошарка, ракомет, борење, атлетика, шах. бокс, ракетно моделарство, спортски риболов…За време на викендите штипјани не можат да посетат ниту еден спортски настан.
Регионалниот образоване, економски, културен одамна не е и спортски центар. (с.р.)