Поднесена кривична пријава против Захариев за 25.000 евра

Штип, 21.09.2017

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев, кој е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат, денес заработи кривична пријава за кривично дело злоупотреба на службената должност и овластување.

Кривичната пријава му ја поднесе штипската полиција. Според подносителот  на пријавата, Захариев склучил штетен договор со штипска фирма спротивно на законските прописи, а без наведен основ за склучување на договорот.

Според кривичната пријава Илчо Захариев, во својство на градоначалник, наместо на фирмата со која го склучил договорот да и наплати околу 1,8 милиони денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект во индустриска зона „Запад“-Штип, тој на фирмата и наплатил само 300.000 денари,односно 5.000 евра, наместо да и наплати 30.000 евра. Со тоа градоначалникот на Штип ја оштетил општината за над 1,5 милион денари (25.000 евра).

Во градот поодамна се говори дека против Захариев се поднесени над триесеттина кривични пријави но Основното јавно обвинителство не процесуирало ниту една од нив.

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе