ПОПГМ : ЛАЖНИ  АНКЕТАРИ  ВО ИНВАЗИЈА НА ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ СЕМЕЈСТВА  ВО  СКОПСКА КИСЕЛА  ВОДА

Скопје, 26. 11.2016  

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија објави дека се појавиле лажни анкетари кои ги посетуваат домовите на пензионерите во скопската општина Кисела Вода. Притоа, тие на пензионерите им доставуваат „прашалници“ во кои им ги внесуваат личните податоци најверојатно со намера да им ги „украдат“ заради вршење изборни манипулации или за други криминални цели.

-„Анкетарите“се претставувале дека се ангажирани од СЗПМ, кои пополнувале прашалник во кој, покрај другото, внесувале одговор за користење бањско лекување, им се барало да го впишат ЕМБГ, бројот на личната карта и бројот на полнолетни членови во семејството, велат од ПОПГМ..

– Единствената партија на обединетите пензионери и граѓани на Македонијна со оваа информација до граѓаните сака да ги потсети пензионерите дека ваквите „анкети“ не се законски дозволени и дека обично се наменети за остварување на криминални цели, а во период на изборна кампања за вршење притисоци врз изборната воља на избирачите.

„Ги охрабруваме пензионерите секој ваков случај да го пријават во најблиската полициска станица, со цел да се спречат обидите за злоупотреба на личните податоци за незаконски влијанија и притисоци врз пензионерите поврзано со изборниот процес или за остварување на нивни други криминални цели“ се вели во партиското соопштение“,

(с.б.)ј).

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе