Предавање и изложба: Атанас Талевски – “фотографот на обичните, заборавени луѓе”

Охрид, 18 декември

– Неуморниот прозен автор, полиглот и културолог, Мишо Јузмески, со неговото катче – “Култура 365”, синоќа, ја потсети охридската, македонската и светска јавност, на скромниот, рано заминат од овој свет – “фотограф на обичните, заборавени луѓе”, Атанас Талевски.

02Како повод, беше искористена  65 годишнината  од раѓањето на Талевски, реномиран македонски фотограф, при што, во Kултурно-информативниот центар „Култура 365“, во Охрид, беше отворена изложба на фотографии, додека пригодна реч,  за животот и делото на Талевски, имаше Мишо Јузмески.

Атанас Талевски (Велес, 1954 – Скопје, 2008) својот рано згаснат животен пат го мина низ Европа, Азија, Африка и Северна Америка, притоа фотографирајќи ги сиромашните и запоставените луѓе со нивниот начин на живот, поради што беше познат како „фотографот на обичните луѓе“.

03Живееше со нив, патуваше и фотографираше, од Пустец и Мала Преспа кај етничките Македонци во Албанија, се до собирачите на ориз во Виетнам, зафрлените краишта на Ново Мексико во САД, племенските населби во Северна и Централна Африка.

Резултат на неговата плодна фотографска работа се бројните самостојни изложби во Македонија, Франција, САД, Албанија, Србија, Словенија, Чешка, Русија, Германија, Холандија, Швајцарија, Финскаи други земји.

Негови фотографии можат да се најдат во разни печатени медиуми, но и во приватни збирки на поединци и институции ширум светот.

Неодамна во Чешката Република, негов почитувач, сопственик на колекција фотографии, отвори изложба, посветена на Атанас Талевски, скромниот, незабележлив охриганец, кој остави траги на сите светски меридијани.

Веле Митаноски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе