Свети Николе, 07.04.2017
- Вакво нешто кај нас ретко се доживува, коментираше штипјанката Лилјана Атанаскова.
Руски народни песни и забавни мелодии, во прекрасна изведба на две девојќи од градот Електростаљ во Подмосковието, ги пленија срцата на посетителите во исполнетиот амфитеатар на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Концертот беше во организација на амбасадата на Руската Федерација во Македонија, а по повод 12 април, денот кога рускиот космонаут Јуриј Гагагарин на „Васток-1“ како прв човек престојуваше во вселената.
Присутните ги поздрави претседателот на Советот на Електростаљ, како прв човек на делегацијата од овој град која во Македонија дошла поради збратимување со Струмица како и за концеротот во Свети Николе во чест на Јуриј Гагарин.
На концертот присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава Олег Шчербик, кој љубезно даде повеќе интервјуа за медиумите.
„Беше прекрасно да се слушнат волшебните гласови на младите дами од Русија, вакво нешто кај нас ретко се доживува“, коментираше штипјанката Лилјана Атанаскова. Маре Стоилов пак рече дека присуствувала на ноќ во која позитивно биле провоцирани сите нејзини убави сетила. –„Ова беше неповторлива ноќ“, забележа новинарката Стоилова.
.