Пробиштип, 04.03.2019
Утре, точно на пладне, во домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип ќе има културен настан со афоризми, промоција на книга, поезија, карикатури и анегдоти. Настаното е во организација на спомнатиот Дом на култура, а на истиот се поканети сите кои сакаат убаво дружење на три дена пред Меѓународниот ден на жената 8 март.
Настанот ќе започне со отворање на изложбата на карикатури од фестивалот на хумор и сатира Ин Виница Веритас од продукцијата за 2018 година. Изложбата ќе ја отвори Јовица Илиев, директор на Домот на култура „Тошо Арсов“-Виница.
Потоа доаѓа централниот настана – промоција на книгата афоризми Трагачи по парадокси приредена и уредена од сатиричарот Миле Ѓоргијоски. Во книгата се застапени над 2.000 афоризми од 28 автори од десет држави на Европа. За делото ќе зборува Миле Ѓоргијоски.
По промоцијата со свои афоризми ќе настапат Ѓоргијоски и Ленче Стојменова, поезија ќе читаат Трајче Кацаров и Христина Деолска, Страшко Милошевски.
-На кого му е до убава поезија, квалитетни карикатури, бисер афоризми го поканува да дојде на настанот. Ќе биде тоа едно убаво, релаксирано дружење со пробиштипјани кои имаат убаво чувство за убави настани од културата. Се гледаме утре точно на пладне во Градот на рударите, вели Ѓоргијоски.