Пробиштип, 30.04.2021
Делницата на патот Штип-Пробиштип од Крупиште до градот на рударите, во должина од 20 километри е комплетно реконструирана. Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов во изјава за istokpress.mk вели дека останува смо во наредните десеттина дена да се постави патната и сообраќајна инсталација.
Со реконструкцијата и модернизацијата на оваа патна насока во источниот дел на државата повеќе нема пат во лоша состојба кој поврзува најмалку две општини.
Нашиот портал во 2016 година пишуваше дека тогашниот привремен премиер на Република Македонија Емил Димитриев, секој ден патува на работа по најлошиот пат во државата. Димитиев е од Пробиштип, а за време на својот мандат од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година остана да живее во рударскиот град но патувањето до Скопје му беше жива мака.
Иако имаше многу реакции на возачи, граѓани, стопанственици дека овој пат е во очајна состојба, иако Пробиштип го имаше првиот премиер во својата историја, патот не се упристои се до овој момент.
Но, нашиот народ вели подобро некогаш отколку никогаш.