ПРОБИШТИП: Сите ученици од основните општински училишта добија училишни униформи.

Пробиштип,24.03.2023

Во двете општински основни училишта „Никола Карев“ и „Браќа Миладинови“ во Пробоштип од пред три дена сите основци на часови одат во училиштни униформи. Овој проект е реализиран по идеја на градоначалникот Драган Анастасов, а е мошне позитивно прифатен од жителите на Градот на рударите.

pr02-Заедно со училиштата го реализиравме овој проект со цел да се намали класната разлика меѓу учениците, да се зголеми еднаквоста, како и да  дадеме приоритет на вредноста на образовниот и социјален развој на учениците, што впрочем е и основа кон која треба да се целиме, напиша на својот фб профил градоначалникот Анастасов.

Тој појасни дека униформи добиле близу илјада ученици, а за овој проект училиштата одвоиле околкуу два милиони денари од сопствените буџети.

Останува да се види дали оваа работа ќе биде прифатена и од други општини и дали и таму, барем кога е во прашање еднаквоста на децата во време коига тие се во своите училишта ќе стане наше убаво секојдневие.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе