Рудникот САСА го започна проектот за пошумување на јаловиштето и локалните ерозивни подрачја
Македонска Каменица, 21.03.2018
На 21 Март, Меѓународниот ден на шумите, рудникот САСА потпиша меморандум со Шумарскиот факутет од Скопје за долгорочна соработка во реализација на активности од областа на животната средина. Стратегијата опфаќа производство на растителен саден материјал; пошумување на јаловишта и голини како и одгледување, нега и заштита на пошумени насади и научни истражувања.
Со меморандумот двете страни се договорија да формираат расадник,во сопственост на рудниот САСА, за производство на шумски саден материјал. Сите финасиски средства за реализација на договореното, вклучувајќи ја изградбата и одржувањето на расадникот, ги обезбедува рудникот.
„Со дел од садниците кои ќе бидат одгледани во расадникот ќе биде пошумено досегашното јаловиште на рудникот, со што обезбедуваме овој терен целосно да се врати во својата природна форма. Останатите садници ќе бидат наменети за пошумување на голите ридови во поширокиот регион што ќе влијае на намалување на ерозијата на земјиштето и појавата на одрони кои предизвикуваат чести проблеми во овие краеви“, изјави генералниот директор на рудникот САСА, Нил Стевенсон. Тој нагласи дека токму планското пошумување е едно од приоритетните решенија за 16-те најгорливи еколошки точки, идентификувани од страна на граѓанските организации и Владата.
„Ние можеме да го изразиме своето огромно задоволство што со оваа инвестиција придонесуваме кон решавање на овие состојби“, рече Стивенсон.
Токму за идејата за овој проект, како и за сите досегашни активности во доментот на заштитата на животната средина, рудникот САСА го доби годинешното признание „Најдоброто од истокот во децениската заштита на животната средина“ што на рудникот му го додели Регионалниот центар „Исок“ во рамките на Здружението на новинари на Македонија.
Покрај стручната поддршка во изградба и одржување на новиот расадник, Шумарскиот факултет ќе изврши и теоретска и теренска обука на персоналот на рудникот САСА за тоа како ефикасно да се врши пошумувањето на јаловиштето и ерозивнитеповршини во регионот.
„Заштитата на животната средина е комплексна област за која се неопходни разбирање, научен пристап, соработка и финансии. Партнерството кое го воспоставивме со рудникот САСА ги содржи сите овие компоненти што е гаранција дека целите на овој проект ќе бидат остварени“, истакна деканот на Шумарскиот факултет, проф. д-р Кирил Сотировски.
Воспоставувањето на соработката помеѓу рудникот САСА и Шумарскиот факултет, која на долг рок ќе придонесе за пошумување на значајни површини во источниот дел од земјата, го поздрави и градоначалничката на Македонска Каменица,Соња Стаменкова.
„Грижата и унапредувањето на животната средина треба да биде трајна обврска на сите. Овој проект претставува одличен пример како треба да се размислува и делува, и надвор од она што како неопходен миниум го пропишуваат законите. Му ја давам целосната поддршка на рудникот САСА да продолжи со реализацијата на оваа активност која ќе донесе големи придобивки и за локалната заедница“, изјави Стаменкова.
Инаку, токму за идејата за овој проект, како и за сите досегашни активности во доментот на заштитата на животнатасредина, рудникот САСА го доби годинешното признание „Најдоброто од истокот“ што го доделува Здружението на новинари на Македонија – Регионален ценар Исток.