Свети Николе, 28.04.2019
-Денес на Градскиот плоштад во Свети Николе Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше натпревар во кршење ноеви јајца. Оваа уникатна и единствена во светот манифестација по повод големиот христијански празник Велигден година се одржа по десетти пат.
На светиниколскиот плоштад доминираше јајце високо три метри кое беше нарачано и изработено за Општина Свети Николе, со поддршка од Меѓународен Славјански Универзитет.
На овој десетти по ред натпревар, учество зедоа деца од Свети Николе, Пробиштип и Русија кои во опуштена и пред се весела атмосфера, тимовоите од по двајца учесници си ги одмеруваа техниките за успшно и победничко кршење големо ноево јајце.
Победничкиот тим на овој натпревар беше составен од Маркијан Кралев и Горан Златев од Свети Николе, кои со ноевото јајце кое тежи околу еден килограм, ги победија останатите натпреварувачи.
Натпреварот беше проследен од комисија која беше составена од Лена Ѓуриќ, Милена Спасовска и Ивана Спасева.
Ноевите јајца се одгледани на фарма во Свети Николе и тие се варат најмалку два часа, а заменуваат околу 20 кокошкини јајца.