Свети Николе, 19.04.2018
Точно 130 учесници, млади и претставници од локалните институци учествуваа на младинскиот форум во рамките на иницијативата „Мрдни со прст“ во организација на Организацијата на жени од Свети Николе. Според организаторот, од целиот настан биле извлечени корисни заклучоци и препораки но и нови иницијативи покренати од младите. Генералната порака е – биди актиевен во својата општина, вклучи се!
„Овој настан е дел од вториот циклус на иницијативата „Мрдни со Прст“ која претставува граѓанска платформа која има за цел да поттикне индивидуална одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествени прашања кои сите нè засегаат. Настанот беше организиран со цел да се допре до младата популација, но и до сите релевантни локални чинители за да се сподели идејата, но и можностите и потребите за заедничко креирање на активен и функционален Младински Културен Центар во Свети Николе“, вели Лорета Петровска, лице за односи со јавноста во ОЖ на Свети Николе.
Во рамките на форумот се реализираа 4 тематски работилници кои ги вклучија темите: младинско учество со ментор Маја Ристова формално и неформално образование-Тања Панева, креативност и талент-Оливера Трајковска, и спорт и рекреација-Илија Бетувски.
За овој настан сите свои капацитети на организаторот му ги стави на располагање Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“. Проектот беше отворен со запознавање на присутните за суштината на форумот и со која цел е организиран овој настан. За почеток беа презентирани резултатите од анкетата спроведена на 200 млади во градот. Личното искуство кое го пренесоа модераторите,секој во својата група, за време на тематските работилници на кои имаше околу 30-тина учесници придонесе за губење на скептицизмот и се роди плодна дебата за проблемите кои ги засегаат младите во Свети Николе, а со тоа уште еднаш се докажа дека градот и општината имаат голема потребата за формирање Младински културен центар.
На целиот настан како и во работните групи, покрај младите учествуваат и претставници од локални институции, органи, организации кои работат со млади.
За време на младинскиот форум присутните ги посетуваа штандовите на локалните институции и организации кои работат со млади и се интересираа за вклучување во нив.
„Ова беше најзначајниот и најголемиот чекор од оваа иницијатива поддржана од „Мрдни со Прст“ каде допревме до младите и им ја пруживме можноста за свое изразување и истакнување во општеството, а беа слушнати од постарите. Се надеваме на успешна соработка со релевантните институции и организации и дека ќе го слушнат гласот на младите“, рече Петровска.