“Сега му е мајката” да направиме “саглам” држава!
Ние, повозрасните, го памeтиме времето, после смртта на маршалот Ј.Б.Тито, кога еден од неговите наследници – Бранко Костиќ, велеше: “Ако треба јешќемо и корење!”. Се уште беше во филмот: “Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!”.
Е, ние сме сега – тука некаде! Не само што ќе јадеме корења, туку корењата ќе не изедат нас! Како што нашите “Костиќи”, ни “изедоа” најмалку една деценија, а ако добро размислиме – можеби и три!
Не многу одамна, – ние дебрчаните по потекло, заедно со Бранка Црвенкоски од славна Дебрца (“од Ботун се до Пресека!”), од милост, му измисливме една досетка на “шефот”: “Тато, тато, зашто не не примаат во НАТО? Дете, татино-затоа што сме од Слатино!”. Повеќе за читање