Само во “чудесни” земји, како Македонија, се станува премиер на 26, или на 29 години, без ниту ден работно искуство, а пензионерите (околу 300 илјади – хранители на уше стотици други -синови,ќерки и внуци!), се баласт на општеството!? За нив има лимит за возачка дозвола (после тортура пред медицинските шалтери!?), за нив патничкото осигурување се плаќа степенесто-според годините (велат ќе било лимитирано – на 70 години!) и да не редам уште “бенефити”, зашто ќе стигнеме до “бесплатните” бањи, бесплатното “скијање” и до сите други “санкања и насанкувања”, со кои власта и нашиот пензионерски “лидер”, си купуваа слобода и лични привелегии – продавајќи не нас, како да сме им лична сопственост!
Ајде, да ја промениме таа слика!
Нашата татковина само што се врати назад од последната стапка-пред понорот.Се вратија и надежите дека ќе не биде, се врати оптимизмот, сеуште – претпазлив, затоа што долг е процесот и не е лесен патот што треба да се изоди – од заробена држава, до слободно општество и демократија.Без разлика на годините, здравствена и физичка кондиција, немаме право на молк, сеирџиство, неутраленост – во ладна заветрина.
Секој од нас, треба да биде промената што ја сака и очекува да ја види во својата татковина!