И годинава мото клубот „Но лимит“ организираше хуманитарна акција, во рамки на која членовите донираа сензорни табли и пакети производи наменети за децата во училиштето „Д-р Златан Сремец”.
Моторџиите, облечени како дедомразовци, со мотори пристигнаа во училиштето и ги израдуваа децата.
„Среќни сме помагаме. Ќе продолжиме да градиме традиција на насмевки и љубов во секој новогодишен период“, рекоа во мото клубот.