Штип, 12.11.2020
Најголемото изненадување на декемвриските избори за градоначалник на Штип е кандидатурата на Симон Поликарп – Џими како кандидат на партијата Интегра. Во неговата биографија стои дека е роден во Нигерија пред 60 години,.дека во 1977 дошол да се школува на средното рударско училиште во Пробиштип по што школувањето го продолжил на Рударски факултет во Штип и засекогаш останал да живее во овој град.
-Македонско државјанстВо добив во 2005 година. Тука создадов семејство, ми се родија два сина, имам и внук кој го носи моето име, среќен сум тука со семејството со неброените пријатели, со работата што ја работам, вели Симон во поголемото интервју за месечникот Штипски Глас кој ќе излезе кон крајот на месецов.
Од интервјуто ги донесуваме следниве акценти.
-Со задоволство го прифатив предлогот на партијата Интегра, чиј член сум, да бидам кандидат за градоначалник на Штип.
Кога ќе ми биде доверена функција првите инвестици ќе бидат во подигање на Студентски град. Студентите го прават Штип тоа што тој е денес и на нив јас ќе им го поклонам сиот свој ангажман, порачува Симон Поликарп.
Втората негова активност ќе биде во сферата на бањскиот туризам:
-Штип ја има својата топла вода во Кежовица, таму ќе најдам големи инвеститори за развој на бањскиот туризам, ќе има хотели кои се светски брендови. Во Студентскиот град и во комплексот Кежовица ќе се вработи една третина од младата, невработена штипска популација, тврди Симон.
Убеден е во својата победа на овие избори. Вели дека неговата хуманитарна работ му создала голем број пријатели насекаде низ Македонија, а посебно во Штип.
-Голем број мои пријатели ќе работат за мене на овие избори. Сите тие се волонтери но ќе го дадат најдоброто од себе за моја победа која ќе биде и победа за Штип, вели Симон Поликарп-Џими во интервјуто за Штипски Глас.