СКОПЈЕ: Трајче Кацаров го потпишуваше најновиот роман „Како станав Амадеус“

Скопје, 27.11.2019

Денеска на пладне во книжарницата „Матица ексклузив“, во центарот на Скопје, познатиот македонски писател Трајче Кацаров го потпишуваше својот најнов роман „Како станав Амадеус“.

Според пишувањето на Нова Македонија средбата со читателите била насловена „Пладне со авторот“, а писателот на секој од читателите, кои посакаа да поседуваат негово дело му посветил внимание.

Инаку, ова е шеста негова книга (четири романи и две теоретски дела за театарот), што излегува во издание на „Силсонс“, „Панили“ и „Матица“.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Роден е во Штип на 14 септември 1959 година. Магистрирал на Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како драматург во народниот треатар во Штип. Од 1993 година е основач и уредник на списанието за уметност „Сум“. Освен за возрасни пишува и за деца. Добитиник е на бројни награди за своето творештво.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе