Свети Николе, 30.04.2018
Денес во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше потпишан договор за соработка со Eкономскиот факултет од Универзитетот во Љубљана (Словенија).
Договорот го потпишаа ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и деканот на Eкономскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, проф. д-р Метка Текавчиќ. Предмет на овој договор е заедничка организација и имплементирање на Програма за последипломски студии за Бизнис и организација од Универзитетот во Љубљана во РепубликаМакедонија.
(InternationalMasterProgrammeinBusinessandOrganization – IMB).
Ректорот проф. д-р Душан Николовски изјави дека оваа соработка е исклучително значајна за МСУ, имајќи во предвид дека Универзитетот во Љубљана е еден од највисокорангираните универзитети во регионот и пошироко. Програмата за последипломски студии за Бизнис и организација во Република Македонија ќе започне да се реализира во студиската 2018/2019 година.