Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациент. Исписи имаме за еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат“, порача Таравари.

Моментално се лекуваат 162 лица од пожарот во Кочани.

Таравари појасни дека лекувањето е бесплатно, а Владата обезбедила карти и сместување за членови на семејствата, за повредените кои се лекуваат во странство.

„Генерално во 99 отсто, сигурни сме дека е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Како Влада обезбедивме и за по двајца членови на семејство да патуваат, да им плати Владата, плус сместувањето во сите држави. Нема потреба од шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава, но генерално 99 отсто во државите е бесплатно“, изјави Таравари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе