Тито Петковски се врати на местото на злосторството !?

Тито Петковски е несомнено вешт политичар. Вешт, што му нема рамен. Појак е и од Зинго, и од Андов и од целата таа вечна коминистичка буламента. Инаку, како би опстоил полвина век во политиката ? Море, и нешто повеќе – едно шеесетина години !!!

Друго е прашањето за што е исползувана таа вештина? Никола Матлиевски – Пашата, за него, и сличните на него, вели: од човек, кој во животот ниту але,  (клозет) не созидал, не чекај од него држава да води!

А, Тито водеше држава, стаса до претаседател на Собрание (џабе ти е ако твојот  политички син вели, дека, од Џафери не се родил поголем ербап за претседател (!), а,  во 1999-та беше претседателски кандидат. Ние, од Охрид (најповеќе Беџето-брат на Никола Рилко), за атер на Бранка, отидовме во селата во Струшко, со скршени глави, да го браниме резултатот. Ти не дојде ниту да го видиш тој, чиј живот висеше на конец!

Ги браневме, истите оние гласови, кои, на Тито Пертковсмки, како такви (албански) “не му требаа”, во пресрет на вториот круг! Јас Тито бев со Бузлета (Панта Реи) во Лабуништа. Сети се на чулчето во лонгета!

Од Тито ( и со Тито) се сум видел, се сум издржал, ама дека ќе се спичкаат на јавна сцена со Горан Мисоски, е тоа, ниту на сон не сум очекувал. Тие, двајцата, во политиката бера како сијамски близнаци. Како лице и опачина на една иста паричка. Денеска, Тито да го напага, да се одрекува од Мисовски (за нас од вистинската НСДП – Мисирот!), е равно на ЧЕДОМОПРСТВО!

ЧЕДОМОРСТВО Е ТИТО ДА СЕ ОДРЕКУВА ОД МИСОСКИ!

Ова, донекаде, треба да се разбере и буквално. Мисоски беше дете во семејството Петкоски. Како и неговите две ќерки, кои ги носам во најдобар спомен. Мисоски, најнапред беше слуга, потрчко на сопругата на Тито Петкоски,која, во Скопје, ја водеше фирмата “Коста Абраш”, како клон на печатницата од Охрид. Мисоски беше човк од доверба, кој ги разнесуваше поштата и фактурите по Скопје.

Кога почнавме да ја коваме НСДП, семејното чедо, премина од кулата зад “Дом на градежници”, во просторијата до полициската станица “Пролеќе”. Уште од првиот момент видов дека е тоа погрешна инвестиција. Со Мисоски немаше за што да се разговара, од аспект на идеологија и политичка стратегија, за се, му реков: со мене преку Шефот! Така и беше, договоот се почитуваше.

Од Мисовски требаше да се бега не само од лична, интелектуална, туку и од финасиска хигиена. Тој ги извршуваше највалканите работи на Петковски. Шемаџија, до толку, што Игор – Шема може вода да му носи. До Тито беше толку приврзан, што, во моментите кога решија од мене да се одтарасат (“или амбасадор,или 300.000 евра кеш” !!!), отворено тврдеше: мене Тито да ми рече да се откажам од пратеник, нема да размислувам нитуи секунд !!

Тоа беше Горан Мисивски. Толку врзан за скутината на Тито, што не размислуваше и кога беа во прашање  пари ( за Паца – Партијата и Маца – Шефот), и кога се одвои од титовата сопруга, за да изигрува подводаџија и местач – од Скопје, преку Париз и Старзбур до Единбург. Присете се на Тито “огнениот” навивач на македонската фудбалска репрезентација и неговото интимно друштво. Фотката ја објави Горан Михалоски во “Вест”.

Една жива анегдота, за да се види до каде одеше тоа лудило. Дури и зборови не беа потребни. Горан знаеше што и како да направи, во секоја прилика.

Имавме партиски состанок во Валандово. Долу во општинската зграда. Најчесто патувавме во состав: Тито, Веле, Горан – во свосјство на личен возач и момичка за се!

Тргнавме нагоре  по угорничено за во еден ресторан. На Шефот, “сосема случајно!”, миу се јави некој (или некоја!), која ете, “сосема случајно!”, таа вечер, се нашла службено во Демир Капија.” Ма није могуќе”? “Која коинциденција”!?  “Ако, веќе си тука, скокни и до Валандово”!

Нејсе, стигнавме во ресторанот. Домаќините наместиле почсна маса за тројца. Мисоскиов, без никој да му рече нешто, го повикува керлнерот и му вели : ОВДЕ ПОСТАВИ УШТЕ ЕДНА СТОЛИЦА!!! Минутки беа во прашање – до пополнувањето на празната столица!

 Тито Петковски ја закова последната шајка на ковчегот од Третиот пат”!

Политичка бласфемија е денска Тито Петковски да се откажува јавно од својата рожба, како што е неморално Тито Петковски, денескa, да говори дека со Мисоски раскрстил затоа што Тито “не сакал НСДП да не биде приврзок на СДСМ, а функционерското крило во НСДП нокти ставило тоа да не помине”!

Петковски е жив, ако не беше така – НЕКА ПОВЕЛИ! На која сака телевизија, или нека демантира од ова нашишано на овој простор. Тој беше лидер, но сите нишани за НСДП, се идеја и резултат на мојата маленмост. Од името, преку првите контури на Статутиот, да не говорам за партиската програма, или Програмата за изборите во 2006-та.

Програмскиот реферат, на основачкиот конгрес го поднесе Веле Митаноски, како што е негов ракописот и за рефератот на лидерот. Оригиналите се кај мене.

После Васил Тупурковски, со ДА,  Тито Петковски ја закова последната шајка на ковчекот од “Третиот пат” во јадна Македонија.

ТИТО ПЕТКОВСКИ ГО ИСПОМОКАА НЕГОВИТЕ ОДВАНТРЕ !?

Партијата НСДП со Петковски ја направивме затоа што, по заминувањето на Бранко Црвенкоски од СДСМ, која ја остави во колективно раководство(!), матичната СДСМ падна во рацете на најголемиот изрод кој го изнедрила таа партија (пак избор на Црвенкоски), а тоа е Владо Бучкоски.

Самиот, доброволно заминав пд СДСМ ( писмото му го предадов на Оливер Спасески – тогаш организациски секретар) и од угодната функција – директор на Агенцијата за информации на Република Македонија.

Случајот сакаше, информацијата за шестте милиони рушвет од Телеком, да дојде кај мене, поради една личност од Охрид (посредник во тој бизнис), додека Бучкоски беше разобличен во моите очи (подоцна бараше да му опростам и го сторив тоа, самиот знае како), кога врз милионите евра од Телекомот ( одложувањето на втор оператор за една година!) а се надоврза и  рушветот за тенковските делови, за репарацијата на воените хелихоптери,  загинувањето на резервистите кај Карпалак…И денес денес мува не го лази, единствениот министер од нашата жална Македонија примен во Овалниот кабинет во Вашингтон !!! ???

Тито потпишуваше мои колумни во “Утрински Весник”. За една, класичен плагијат ( “од речи до речи”!), морав да го спасувам кај уредниците во “Нова Македонија”.

А кога тој “се спасуваше од мене!” ( пристете се на репликата од собраниската говорница: “Веле не е Марадона”!), кога, јас си ги отворив очите, со кого си имам работа,  и во “Фокус” оптегнав приказна – интервју,  на неколку страници ( и цела насловна –  ми укажа доверба да ги подготвам и прашањата и одговорите) организираше (заедно со синчето – политичко), Суд на партијата во Радовиш.

Бесрамно и нечовечно алудираше на мојата болест (“што не може тој, може Господ !”), мудруваше,  како го Читал Черчил, кој беше рекол: “ јас толку добрини, а тој со зло враќа”!

Не, Тито му реков, ти само си чул за Черчил. Тој навистина бил незадоволен од еден свој министер, ама си велел: “подобро нека моча одвнатре  кон надвор!Помалку ќе ми ги наксине чевлите!”.

Е, Тито, Тито, другар Тито.

Ами, нели се разделивме токму за тоа? Токму за она,  за што денеска го обвинуваш Мисоскиот, Соњето ( твојата спонзоруша – знаеш зошто и знаеш кој дебело плаќа за тоа !?), другите од директорската клапа.

Нели на последниот состанок на Сајмиште, ти реков: батали Тито сукњата на Рада, не ги враќај лугево од каде  што ги извади! Зошто го направи тоа? За проклети пари, другар Тито! Пресметката ти беше:зошто да ги трошам парите за партијата и  за 7 пратеници (на самиот старт, за 6 месеци работа – нели Тито останав во Скопје цела година, по оставката!?), кога можам, од Рада да добијам тројца – а сите пари, за мене!!!

Повели, демантирај. Закажи ТВ дуел. Па таму ќе разјансмие зошто на секоја седница на Извршниот одбор, стандардната прва точка беше:  извештај на директорите, ТВОЈАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА (!) и другите функциионери, за тоа колку парти (за Паца и Маца) спечалиле, донеле, измегу двете седнициИ

Ех, Тито, Тито, ех, другар Тито!

Кумот ти дал убаво име. Име кое ти овозможи цел живот да бидеш на државна цицка.

Сепак, една буква згрешил!

Првата, Тито, првата!

Веле Митановски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе