Oхрид, 23.12.2021
(Какво търси “президентът” Радев, и кучетата в Кюстендил не хапят)!?
Случјно, или не, со повлекувањето на Зоран Заев, во Македонија, во однос на наметнатиот, од нивна страна, спор со Бугарија, се искристализираа две константи. Првата, на министерит Димитров – секое решение да помине на верификација во парлментот, што е принципиелно (декларација на деклаерица) и на претседателот Пендаровски – да не се брза и да се забават досегашните “лесно ветени брзини”, од наша страна, што е здраворазумски.
На овие две становишта, нема ништо против и опозицијита, тоест ВМРО ДПМНЕ, што е блиску до национален консензус.
Паралелно, владата е во оставка, на новиот кабинет ќе почекаме, најмалку до средината на јануари, такашто, новиот лидер нa СДСМ и веројатно премиер Ковачевски, ќе има време фигурите на шаховската табла да ги постави рационално и потемелно. Во новата стратегија не би требало да партиципира досегашниот менаџмент на Министерството за надворешни работи, а на Владо Бучкоски, конечно, да му се покаже надворешниот излез од одајата со молба, еднаш засекогаш, да ја затвори вратата од надворешната страна.
Она што е подготвен да го прифати олеснувачот – тенкист, Бучковски, не би го прифатил никој здраворазумен. И не е од денеска. Овој политички кловн тоа го работи уште од предизборите во 2006-та година. Тогаш, заедно со министерката за понадвор, Илинка Митрева.
Она што го заговара и со што, деновиве, не залулкува секашниот нејзин колега Бујар Османи, е политички дилендантизам. Малку е да се каже наивност. На сцената треба да стапат нови, млади луге, експерти во свооите области, ниту еден со бучковистичкиот путер врз главите.
Добро е што таков, рационеален резон, наметнува и новиот бугарски премиер Петков, а она што го бара бугарскиот претседател Радев, а Европа го премолчува, е чисто политичко, или, барем – човечко безобразие. Тоа, намачкано на леб, не го јадат ниту “кучетата” во Ќустендил.
Воздухопловниот генерал,Румен Георгиев Радев знае дека неговата земја не влезе во НАТО, а подоцна и во ЕУ, поради “европејските вредности” и внатрешни стандарди, туку поради гео – политичката позиција на Бугарија. Но, денеска Радев не дава распоредување на силите на НАТО на “Черното море”. Си знае тој зошто и не случајно, како мумија, ја одмолчи канонадата од навреди на Патријархот, Московски и Серуски, г. Кирил, дома, во својот кабинет.
РАДЕВ Е ЈАСЕН: ОТКАЖЕТЕ СЕ ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ!?
Нешто слично како со стариот Мицотакис, од времето на Милолешевиќ, се случи деновиве со неговиот син, актуелнииот грчки премиер во Софија. Од стариот Мицотакис, Милошевиќ побара да нема граници помегу Србија и Македонија, додека од младиов Мицотакис, Радев побара заеднички да се залагаат, дома и пред Европа, спорот со Бугарија да се реши по грчкиот терк, како со Преспанскиот договор!!!
Президентот инсистира и мисли дека ние ќе ја платиме истата цена што ја плативме за Преспанскиот договор. Нам не ни треба ЕУ, колку што ни требаше НАТО. За нас Нато беше врапче во рака, а ЕУ е гулаб на гранка. Тоа Бујар отворено треба да им го каже на Софијанците, или, ресорот на дипломатијата да го предаде на друг.
Ете, тоа би сакал да го добие Радев. Малку “аврио”, киријас Генерал!?
Предизборно, e политички опртуно, но да се каже дека “денес повеќе од 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство и тие (вели Радев), не се само бугарски државјани, туку и граѓани на ЕУ”, значи, да се тврди дека со самото тоа, тие се и Бугари, е далеку од човечкиот разум.
Зарем Радев не знае дека се тоа Бугари произведени во лабораторијата на Каракачанов? Зарем бугарскиот президент не знае дека имаше апсења на Каракачановци од нивната Агенција за “чуждгинците”, среде столицата им!? Злупотреба на пари, извлечени од посиромашниот слој македонски грагани, дадени од немајкаде, колку да се домогнат до европските земји.
Да, вината е наша. Ако ние, овде, изградевме систем и економија која ќе им обезбедеше сегашност и иднина, ако пред Бугарите влезевме во ЕУ, кој ќе стануваше допрва Буигарин и ќе купуваше пасош!? За нашинците, неговата вредност е само во илјадниците евра што ги дале на овдешните и тамошните проматори и ловци на човечки судбини.
Бугарски пасоши не купуваме само ние, купуваат и етничките Македонци од Албанија. По истиот принцип – за неколку илјади евра и за истата намена – да обезбедат подобар живот во Европа. Но, тоа не значи дека се чувствуваат за Бугари. Нека одбере Радев било каква мегународна комисија, нека спроведе овде попис со негови контроори, ќе види колку непасошки Бугари има во Македонија. Добар дел заминаа на печалба во стара Европа, но не и во “европејска Б,лгарија”!?
Нa стотици Македонци од селата на Мала Преспа, свија семејни огништа во Охрид, а ги има и во Ресен, Битола и други места. Истите што купиле, или им бое дадени македонски, а купуваат и бугарски пасоши. Поседуваат по три државјанства, но не се хермофродити по националност.
ЕВЕ, КАКО ФУНКЦИОНИРА БУГАРСКИОТ ИНКУБАТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БУГАРИ ВО АЛБАНИЈА?
Нашинците од селата на Пустец, со постојано и привремено престојување во Охрид, велат дека бугарски пасош нема само оној кој не го побарал! Бугарите се погрижиле инкубаторот за производство на Бугари да го постават токму во одаите на општина Пустец. Тука имаат своја инсталација, во лицето на вториот човек на општината, со образование стекнат во Бугарија. Етничките Македонци треба да однесат членска книшка од некакво бугарско друштво, уште и некаков документ од пред 1900-та од Архивот во Корча, а на интервјуто да кажат како се слават Божиќ и Велигден! Ете толку, се разбира и евриња во илјади и – пара на рака, Мара за Рака!
Радев ова не го знае, ниту пак знае дека неговата потпретседателка, нашата некогашна колешка Јотова, се рашетува по селата на Голо Брдо, со бугарските историски читанки – под мишка! Официјална Софија, преку нас, подава раче се до Пустец. Ги чести нашите таму со механизација, а тие, од немајкаде, им веруваат на Данајците.
Еве еден најнов случај. Ја трошам осмата деценија и во моето Црвена Вода никогаш не се слушнало дека било кој има наклоност и чувство за бугарска припадност. Нито од татковци, ниту од дедовци, ниту од прадедовци. А тоа е временски распон од два века.
Дури деновиве, се чу за еден што купил бугарски пасош и заминал да работи надвор. На неколку месеци. Да види и да го видат, а малку и да спечали. А, овде вработен, заедно со сопругата. Дури и со симболот на СДСМ на челото. Ниту случајно не го нарекувајте Бугарин, очите ќе ви ги ископа!
Зошто не се купуваа бугарски пасоши кога ние за Бугарите бевме Американци, а за “една червена” растуравме се живо и диво во столицата! Зошто тогашните Радевци не ни помислуваа да ни пишуваат Устав и закони!? Радев императивно наложува – МОРА, вели македонските Бугари да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во нивниот Устав. …Сакаме да видиме неповратни и одржливи резултати, законски обврзувачки…”.
Нит мора, нит може. Ако во неговиот устав нема националности (ги нема ниту Македонците) и, ако неговиот устав е по “европејски стандарди”, тогаш со кое право посега рака? И со кој човечки ин тегритет се надева дека ќе подлегнеме под неговата уцена. И по која цена?
Ние, реално, ниту сме подготвени за ЕУ, со сите скандали што секојдневно ги продуцираме и со енормниот криминал и корупција, ниту, пак, Европа – со Радев, или без него, е подготвена за проширување. Ниту за нас, ниту за останатите земји од Западен Балкан. Тоа, нашиот порв дипломат, треба да особено да им го нагласи на Бугарите. Се друго е замајување на јавноста.
Инаку, еден убав ден, ќе се разбудиме со сознанието дека старата Европа, всушност, го користи Радев во улогата на лошиот полицаец!
А, може и вака: самиот Радев, всушност, да ја кара машината кам Брисел, а да го има вклучено трепкачот – кам Москва.Кому најповеќе му одговара Западен балкан да се држи настрана од европското семејство?
Конечно, Путинче не попусто ги има еден Додик во Република Српска, еден Орбан, па и еквилибраторот Вучиќ. Белким не случајно, руската амбасада во Скопје, подметнува клипови во односите помегу Македонија и Бугарија.
Веле Митаноски