Штип, 05.03.2019
Никола Тушев, пртседател на Општинската организација на СДСМ Штип, на денешната прес конференција зборуваше за значењето и резултатите од економските мерки на Владата.
Еве што кажа Тушев.
Почитувани граѓанки и граѓани,
Македонија го добива своето место во НАТО.
Тоа е историски успех за нашата земја и за сите нас.
Тој успех го одржуваме и надоградуваме со уште поголеми остварувања.
Факт е дека е воспоставен тренд на раст, којшто ќе го одржуваме и во иднина.
Економските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари што за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година.
Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се зголемува. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите.
Странските директни инвестиции за 2018 година изнесуваат рекордни 624,49 милиони евра. Во 2018 год. Во нашата држава имаме директни странски инвестиции коишто се за 276 % поголеми од просекот во последните 11 години. Ова се должи на посветеноста на премиерот Зоран Заев и работата на економскиот тим на Владата, како и на пристапувањето на нашата земја во НАТО, што дава стабилност, но и охрабрување за инвеститорите.
Исто така интензивно се работи на развој на инфраструктурата. За таа цел, за оваа година е предвидена изградба и реконструкција на патишта низ целата држава, со вкупна должина од над 700 километри во вредност од над 1 милијарда и 200 милиони евра.
Почитувани,
Ова се дел од статистичките податоци кои сведочат за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Сето ова е за граѓанките и граѓаните, за силна економија, за нови и подобро платени работни места, за младите да ни останат дома.Како одговорна партија, продолжуваме со имплементација на мерките кои создаваат подобар животен стандард за сите.