Штип, 09.06.2017
Учениците од завршните класови во основните училишта со песна и оро ја испратија учебната година. Од есента тие ќе се преселат во средношколските клупи.
И полуматурнатите научија дека после грижата доаѓа време за веселба. Деветолетката е зад нив, наскоро, со потребните документи, тие ќе побараат упис во неко од средните училишта.
Сликата од веселбата на полуматурантите ја направивме пред штипското Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“ кое е во центарот на градот. Фатени во оро, под тактот на музиката од хармоникашот, идните средношколци умешно ги играа познатите македонски ора и ги пееја убавите македонски песни.
Убаво беше да се гледаат децата како се радуваат на завршетокот на една етапа од нивниот живот. Така и треба. Со песна и оро. Зашто есента е речиси утре. Новото за нив време ќе донесе и нови обврски….Така е тоа за секоја генерација.