Свети Николе, 07.10.2017
Преубава ревија на олтајмери се одржа денес во Свети Николе. Организатор беше олдтајмер клубот кој го носи името на градот. Иако денешниот ден и во главниот град на Овчеполието беше многу дождлив, па организаторот мораше да ја менува програмата, сепак олдтајмерите предизвикаа големо внимание кај граѓаните од Свети Николе, Скопје, Велес, Штип, Кочани, Неготино и од други места.
На плоштадот беа изложени поголем број олдтајмери од нашата држава и од Србија. Дождот предизвика само откажување на концертот на групата Троја која само за кратко имаше настап но мораше да го прекине.
По завршувањето на собирот, во 19:00 часот во амфитеатарот на МСУ „Гаврило Романович Державин“ беа поделени наградите а беше прикажан и популарниот македонски документарен филм Avec l’amour, кој е снимен за љубителот на стари возила од Неготино.
Дионис Пашлаков