Фотографии од најновиот московски парк од кои ќе ви зајде умот

ПАТУВАЊА

СЕПТ. 27, 2017

КСЕНИЈА ЗУБАЧОВА

Подолго време се кршеа копја околу контроверзниот проект „Зарјадје“ покрај Кремљ, но паркот пред две недели конечно беше отворен. И сега останува само да се ужива во него.

Дали некогаш сте замислувале нешто толку необично како 10 хектари парк на само неколку чекори од Црвениот плоштад? Ниту многумина московјани не можеа. Некои го критикуваа проектот и не веруваа дека ќе биде толку убав како што се зборуваше. Но, сега си ги повлекуваат зборовите. На 9 септември рускиот претседател официјално го отвори Зарјадје, првиот голем парк во главниот град изграден во последниве 50 години. Само првата недела 250000 луѓе дојдоа да го видат ова ремек дело на дизајнерите од студиото Diller Scofidio + Renfro.

Паркот го финансираа властите. Проектот официјално чинеше 14 милијарди рубли (243 милиони долари), што е три пати повеќе од предвиденото во почетната фаза. Можеби многумина мислеа дека нема да биде завршен на време, но никој не се сомневаше дека ќе биде готов, затоа што идејата ја даде лично Владимир Путин. Тој во 2012 година му предложи на московскиот градоначалник Сергеј Собјанин да размисли за изградба на парк на местото на кое до 2008 година стоеше хотелот „Русија“.

Зарјадје има 4 климатски зони на кои најчесто ќе наидете на патување по Русија: степа, тундра, мочуриште и мешовита шума. Северниот пејзаж има смреки и мов, степата ароматични билки и брези. Вкупно се засадени еден милион стебла и џбунови.

Темата на паркот е урбаната дивина. „Имате впечаток дека сте се загубиле во паркот, дека градот исчезнал, а на моменти исчезнува зеленилото, а вие сте во самиот центар на градот“, вели архитектот Чарлс Ренфро.

Судејќи според она што се пишува на социјалните мрежи, Зарјадје е вистински успех. Паркот е полн со модерни високотехнолошки градби како што се „лебдечкиот мост, подземниот глечер и Филхармонијата со стаклен покрив.

Дента кога беше отворен паркот на „Инстаграм“ се појавија 16000 фотографии со хаштаг #зарядье и #паркзарядье.

Дали е некој во состојба да се воздржи и да не се фотографира под овој покрив?

Или овде? Мостот ледби над шеталиштето и реката и нема столб да го држи.

Многумина веќе успеаја да ги искористат новите пејзажи за своите свадбени фотографии.

Сите историски згради се зачувани и црквите на улицата „Варварка“ убаво се вклопија во новата околина.

Подарокот за 870 роденден на Москва – паркот Зарјадје – ги надмина сите очекувања. Погледнете ја оваа неверојатна фотографија!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

МОСКВА ИНТЕРЕСНА РУСИЈА

  • 286

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
moskva011 moskva010 moskva08 moskva07 moskva06 moskva05 moskva04 moskva03 moskva02 Moskva1 moskva01

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе