Дојде денот “Д” за Македонија!? Силно светнал ден! Училиштата не работаат, фабрики немаме, работниците се по дома, болниците работаат со редуциран состав од персоналот, јавните препријатија се распуштени, администрацијата исто така. Се е распуштено, Македонија е една голема распуштеница!!!Сите го чекаме ергенот, евентуалниот свршеник, великиот Хан – одовде до Владичин Хан. Луге мои, вака не сме го чекале ниту Маршалот (не оној од Псача, туку оној од Кумровец!).Автобусите возат фрај, Бетмен, бродарите, кајчарите, едриличарите… – се е бесплатно! Хане, другар, љубичицо бела – тебе те сака Македонија цела! Извеслај не, ако треба и “бесплатно”!!!!