Делчево, 08.08.2018
Планинарскиот спортски клуб „Голак“ – Делчево во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија,на 26 овој месец (недела), организира традиционален планинарски марш,со следната маршута :
Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. – Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка 1508 м.н.в.
Се враќаме по друга патека односно од Спортските терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Манастир Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Делчево 595 м.н.в. Можно е патеката да ја промениме по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.
Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути, а се слегува за 2 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова,габерова и борова шума.Воедно ќе направиме и промоција на првиот дел од патеката бидејќи ќе биде маркирана како и ќе бидат поставени патокази и табли.
Патеката на некои места минува низ густа шума но не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.
– Патеката е средно тешка.
– Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , капа , марама , креми за сонце,полувисоки кондури за летно време, Ранец за еднодневна акција најмалку 20 литри,Планинарски стапчиња,Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри.
-Прв ден 26 август 2018 год.(недела) собирање на учесниците од 07.00 до 07:30 часот.Тргнување во 07:30 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме кон врвот Чавка 1538 м.н.в..Во 12,30 часот ќе имаме ручек (планинарско гравче ) со салата,кои се обезбедени од ПСК ГОЛАК Делчево,како и доделувања на благодарници за учесниците. Враќањето кон Делчево е во 14.30 часот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ :
Потребно е сите учесници да се придржуваат на упатствата и препораките од организаторот.
Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба за вечера и доручек, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ……..
Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Информација: – Од самиот простор кај црквата Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски ,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци.
Организација : ПСК ГОЛАК Делчево.
Водич: Љупчо Чучуковски
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување, а ќе бидат најмалку четворица.
ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 23 август (четврток) 2018 год.(четврток) Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил psdgolakdelchevo@yahoo.com
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ПЛАНИНАРСКИ СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!