Скопје, 20.02.2018
„Министерството за одбрана како и целата влада секојдневно влегува од скандал во скандал. Имено неверојатни 187 илјади евра од буџетот на министерството за одбрана се пренаменети за набавка на луксузно моторно возило во кое ќе се вози министерката Радмила Шекеринска“. Ова го пишуваат порталите Лидер, Нетпрес, Курир, а го превземаат и трансферираат до јавноста и други помали курири и курирчиња во форма на интернет портали. Потписник на измената и дополнувањето во Планот за јавни набавки, тврдат овие портали, е министерката за одбрана, Радмила Шекеринска,
Ова скенира објава е божемен доказ на куририте за да си ја потврдат лагата. Но, се заебале. Или заборавиле или не знаат добро да читаат или само спинуваат со намера дека ќе ја вратат клептократската власт на Груевски. Имено, во горниот документ убаво стои ВОЗИЛА е не ВОЗИЛО. Значи, не е таа сума за едно туку за повеќе возила.
Министерката Радмила Шекеринска-Јанковска им ја откри лагата и јавно ја обзнани. Информира дека во 2017 година Министерството за одбрана добило донација од Република Чешка за набавка на патнички моторни ВОЗИЛА (множина) за потебите на службата за воена безбедност и разузнавање. Сумата од 187.000 евра е наменета за набавка на 11 (не на едно, како тврдат курирците) возила, а за нив Министерството нема да потроши НИТУ ДЕНАР од буџетот на Македонија.
Не е ова прво спинување, прва голема лага на порталите кои 24/7 одработуваат за бившата власт. На нив вистината не е ниту на последното место, аргументи нема и до нив не држат, важно им е да одговорат на требувањето од политичкиот спонзор за лиферување лажни вести во надеж дека некој и ќе им поверува, иако таквите се се помалубројни.