Штипска „Актива“ ДОО ќе гради фабрика во Тенеси, САД

Штип, 08.10.208

„Актива“ ДОО Штип во својата нова развојна филозофија, помеѓу останатото има зацртано и изградба  на фабрика во државата Тенеси, во Соединетите Американски Држави. Овој деловен потег е предизвикан од фактот дека белгиската фабрика „Ван Хоол“, која е најголем производител на автобуси во Европа, веќе гради своја фабрика во спомнатат држава, а „Актива“, ДОО која е нејзин стратешки партнер подолго време, ќе и се придружи со своја фабрика.

 Иле Николов
Иле Николов

„Точно е тоа дека ние, во нашата развојна програма, имаме зацртано изградба на фабрика во државата Тенеси во САД. Во својата производна програма ние сме тесно поврзани со „Ван Хоол“ од Белгија, која е најголем производител на автобуси во Европа и една од најголемите во светот. Белгиската компанија започна изградба на своја фабрика за автобуси во Тенеси, САД, а ние како нејзин главен стратешки партнер, во своите развојни проекции зацртавме изградба на фабрика во истата американска држава“, информира Иле Николов, директор на „Актива“ ДОО Штип.

Според Николов, во фабриката во Тенеси „Актива“ ќе го работи програмот кој неколку години по ред го работи за „Ван Хоол“ во погоните во Штип. Се работи за производство на делови за шасии за автобусите на белгискиот партнер. Фабриката во Тенеси „Актива“ ја има како можност и потреба бидејќи до 2020 година компанијата го завршува својот инвестициски циклус во погоните во Штип, а во согласност со етаблираната соработка со „Ван Хоол“ и потребите на оваа комапнија за американскиот пазар, и Актива, како нејзин стратешки партнер ќе се приклучи кон новиот предизвик

Во својата производна програма ние сме тесно поврзани со „Ван Хоол“ од Белгија, која е најголем производител на автобуси во Европа и една од најголемите во светот. Белгиската компанија започна изградба на своја фабрика за автобуси во Тенеси, САД, а ние како нејзин главен стратешки партнер, во своите развојни проекции зацртавме изградба на фабрика во истата американска држава, вели Иле Николов.

Во однос на инвестициите во Штип, треба да се одбележи фактот дека „Актива“ ДОО располага со производни погони кои зафаќаат површина од 16.000 метри квадратни, а за наредната година компанијата планира изградба на нови производни хали од 20.000 метри квадратни. Од нив една хала со 10.000 метри квадратни ќе биде за проширување на производството,а во другата хала ќе се инсталира најмодерна технологија за антикорозивна заштита на сопствените производи од кои најголем дел се за однапред познати странски партнери.

АКТИВА НОВА ХАЛА
Новата хала во изградба

„Ќе набавиме и ќе инсталираме најсовремена опрема и за антикорозивна заштита на шасиите за автобусите на „Ван Хоол“. Се работи за КТЛ технологија која е врна технологија во светот. Во меѓувреме уште поинтензивно ја продолжуваме соработката со американската компанија „Фаст Глобал“ во делот на производство на опрема за брзи пратки и обични патнички торби како и останати делови кои се транспортираат авионски во форма на колички и вагонетки за аеродромите во цел свет“, вели Николов.

Најуспешниот штипски стопански капацитет оствари тесна соработка и со белгиската испостава на германската „Тисен Груп“ која соработка се одвива во две насоки. Од оваа групација Актива добива 80 проценти од потребниот репро материјал за работа, а Актива произведува нарачки за нивни бројни клиенти.

„Актива“ ДОО е една од двете новонастанати компании од поранешна „Актива инженеринг“. Таа е во целосна сопственост на Иле Николов. Другата фирма е со име „Актива инженеринг“ ДООЕЛ Штип и е во сопственост на вториот партнер Аргир Лазовски. Николов и Лазовски 19 години, чекор по чекор ја граде успешната приказна на сега веќе поранешна „Актива“ . Со меѓусебен договор поранешните партнери ја усогласија поделбата на капиталот и на вработените и сега секоја од фирмите си го гради сопствениот пат во светот на националната и поширока економија.

Инаку, „Актива инженеринг“ во 2017 година  стана компанија која е на 85 место меѓу најголемите компании во државата, на 33 место меѓу најуспешните и на 13 место меѓу најбрзорастечките фирми во Македонија. Рангирањето е објавено во последното издание на книгата „200 најуспешни фирми во Македонија“, а како основа се земени податоците од Централниот регистер на Македонија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе