Штип, 05.11.2018
Вечерва во 19 часот, во големата сала на Општина Штип градоначалникот Благој Бочварски ќе даде отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.
Отчетот ќе биде презентиран пред советниците, директорите и раководителите на јавните претпријатија и институциите во надлежност на општината и пред медиумите.