ШТИП: ВМРО ДПМНЕ И СДСМ одново во војна на зборови,овојпат за инвеститорите и инвцестициите

Штип, 08.04.2019

Како наближува денот на претседателските избори ВМРДО ДПМНЕ во Штип сé повеќе го напаѓа владеачкиот СДСМ, а од СДСМ наместо одбрана од кажаното возвраќаат со противнапад.

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ има несериозен пристап

Застој и несериозен пристап кон инвеститорите се одлика на локалната и државната власт. И после три години, не се способни да донесат ниту една странска инвестиција во Општина Штип. Фабриките кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги изгради во ТИР зоната во Штип, се најсветлата точка во економскиот развој на нашиот град.

ТИР зоната во Штип, направена од претходната влада, располага со целокупна инфраструктура, па затоа интересот на Џонсон Контролс, Техникал Текстајлс, Ван Хол и Кондево беше токму кај нас да ги отвори своите погони. Се вработија голем број лица, не само од Штип, но и од регионот, при што Штип стана центар на мапата на Источна Македонија.

Со огромна скептичност, СДСМ сметаа дека тоа ќе биде обична ораница, која нема да бележи развој, но не само што се уверија во спротивното, туку Штип стана најразвиен град во Источна Македонија. Невработеноста се намали, а како резултат на недостаток на работна сила, се доселуваа луѓе од соседните градови.

И наместо да се зголемуваше бројот на странски инвестиции, а со тоа ќе растеше и платата на вработените, економскиот раст не само што не стагнира, туку има сериозен пад после долги години.

Премиерот се расфрла со паушални изјави дека во Македонија има огромен број странски инвестиции, меѓутоа, во Штип не сме виделе ниту една! Лошата економска политика допринесува бизнисот во нашиот град да не бележи развој веќе подолг период, а странските инвестиции кои во минатото беа секојдневна вест, сега се фикција.

Затоа, во интерес на граѓаните, го повикувам Градоначалникот јасно и недвосмислено да соопшти, која странска инвестиција, која фабрика или производствен капацитет во текот на неговиот мандат е донесен во Општина Штип, рекоа од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ: Криминалната ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести

Неможејќи да се помири со успесите на економските политики на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, антинародната ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести во кои никој не верува.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше и можеше, ќе реализираше инвестиции за кои денеска лаже, но наместо тоа, антинародната партија се посвети на криминал, корупција и криминално богатење на поединци.

Седумнаесет нови инвестиции моментално се во различни фази на реализација, што е резултат на вистинските економски политики на Владата предводена од СДСМ.Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат.

Оваа Влада донесе Закон за покачување на минималната плата за сите вработени, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираа дека тоа е лоша мерка. Но, токму зголемувањето на минималната плата ги подобри условите токму за текстилните и кожарските работници.

Официјалните податоци ја потврдувуваат успешноста на економските политики на Владата предовдена од СДСМ.Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра, што е рекорд, НАЈВИСОК ИЗНОС ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ЕКОНОМИЈА.

Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните. За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Покрај рекордниот број на странски инвестиции во минатата година, потврда за успесите на оваа Влада е и растот на платите и падот на невработеноста на 19.4 отсто.

Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја.

Кога зборуваат за инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат зошто претходната локална власт во Штип не донесе нов ГУП со што ќе се формираат нови површини за индустрија? Оваа локална власт преку новиот ГУП ќе создаде нови зони за индустрија за странски, но и за нашите домашни инвеститори.

Дополнително, локалната власт вредно работи на гасифицирање на општината, проект кој во минатото беше целосно занемарен од властите на ВМРО-ДПМНЕ, а сега забрзано се реализира, со што Штип ќе стане особено атрактивен за инвеститорите.

Владата и локалната власт предводена од СДСМ остануваат посветени на спроведување мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст, што обезбедуваат нови вработувања, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните, рекоа од СДСМ.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе