ШТИП: Водата, Бочварски, ВМРО ДПМНЕ и лажните вести

Штип, 22.01.2019

Од 1 јануари годинава цената на водата за пиење во Штип е намалена за пет проценти. Градоначалникот Благој Бочварски, на прес конференција појасни дека од моментот кога оваа локална власт го превзела раководењето со градот, а тоа е месец ноември, 2017 година, па досега вкупното намаалување на цената на водата изнесува десет проценти.

„Како што и ветивте ги враќаме парите кон граѓаните“, прокоментира Бочварски.

ВОДА СМЕТКА 2Но, на реакција од „спротивната политичка страна“, од ВМРО ДПМНЕ не требаше да се чака многу. Час-два по пресот на Бочварски, со соопштение се јавија и од опозициската партија.

-На денешната прес конференција Градоначалникот уште еднаш покажа дека манипулира со јавноста. Најавата дека водата се намалува за 10% е популистичка и не е реална. Тоа се утврдува од сметките за вода кои се испорачуваат до домовите и компаниите. На нив се гледа вистинската слика – сметките се неколкукратно зголемени, затоа што е зголемена ставката за наплата на смет. Тоа значи дека и покрај намалувањето на цената за вода, сметката е повисока, а граѓаните плаќаат повеќе за смет и ѓубрарина! Со оваа манипулација на Градоначалникот не се враќаат парите кај граѓаните, не доаѓа животот во Штип, туку од нереалните сметки кои ги доставува Локалната самоуправа се празнат паричниците и се ослабнува економијата во нашиот град, рекоа од ВМРО ДПМНЕ.

Ваквата нивна објава Бочварски ја оцени како уште една нова лажна вест која доаѓа од, како што тој рече „безидејната опозиција“.

-ВМРО-ДПМНЕ помеша метри квадратни со денари! На ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме кога испраќаат реакции со кои се манипулираат граѓаните, точно да ги проверат податоците кои ги изнесуваат во јавноста. На двете сметки јасно се гледа дека се работи за различна квадратура на објект.

На првата сметка се работи за површина од 120 m2. На втората сметка се работи за површина од 350 m2!

Од сметките се гледа во втората колона дека цените за смет и јавна чистота остануваат исти.Со вакви лажни информации кои ги пласира ВМРО-ДПМНЕ можете сами да се уверите во каков хаос и безидејност се наоѓа оваа партија, порача градоначалникот Бочварски.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе