ШТИП: Во петок и сабота „Макфест“ на отворено на „Аквабела Ресорт“, фестивалот го отвора Калина Велковска
Штип, 14.09.2021
Штип е подготвен за новото издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“ кој ќе се одржи на 17 и 18 овој месец со почеток во 20:30 часот. Ако минатата година поради пандемијата фестивалот се одржа на плоштадот „Слобода“, годинава тој има нова локација – „Аквабела ресорт“, или за недоволно упатените на просторот на бившиот Градски базен.
Денес беше извршено жребување за редоследот по кој ќе настапат пејачите на двете фестивалски вречери. Раката на градоначалникот д-р Сашко Николов беше среќна за Калина Велковска која прва ќе настапи и со тоа ќе влезе во историјата на овој фестива, а ќе ја испее пенсата „4“.
Еве го распоредот на пејачите кои ќе настапат на првата фестивалска вечер и песните кои тие ќе ги исполнат:
- Калина Велковска – „4“
- Андреа Симичиева – „Јас и ти“
- Ивана Василева – „Доволно е се“
- 2 BE – „Сто милји од мене“
- Александар Јосифовски – „Без неа“
- 4 U BAND – „Ти си негова“
- Александар Тодороски – „Под исто небо“
- Теодора – „Повторно сум силна“
- Вејчеслав Поповсски – „Запеј пеана запеј“
- Виолета Арсовска – „Нека ме снема“
- Марија Данева – “Твоја“
- Рахела Такашманова – „Ако не си ти до мене“
На втората вечер ќе настапат и првите пет најдобро пласирани од првата вечер, а редоследот од шестиот изведувач е следниот:
- Ѓоко Танески – „Ти“
- Мартинијан Кириловски – „Вистина“
- Полина Тасева – Огледало“
- Роберт Билбилов – „Луда си на мирен начин“
- Наталија Данаилова – „Не крши ме“
- Интервали – „За сите години“
- Александра Јанева – „Денот што ни носи“
- Лара – „Душа“
- Светле – „Збогум на лани“
- Филип Пешевски – „Невино“
- Eye Cue – „Да сме пак заедно “
- Дејан Тасев – „Каде беше ти“
- Пепа – „Длабоко“
- Елена Наумова – „Сонце ме грее“
Градоначалникот Николов најави дека фестивалот ќе биде отворен на поразличен начин од претходно и тоа го остави како изненадување за посетителите. На прес конференцијата која денес се одржа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ покрај градоначалникот на Штип говореа и уметничкиот директор на фестивалот Владимир Дојчиновски и Кирил Панајотов.