Штип, 30.08.2018
Во преубава атмосфера која се создаде во Домот на млади, Штип синоќа го одбележа 29 август, денот во кој, во 1925 година, беше изведена првата опера во Македонија по иницијатива и под диригентската палка на знаменитиот руски емигрант Сергеј Михајлов. Тој се определи за Паљачи од Руџеро Леонкавало поради тогаш скромниот број на лица кои можеле да бидат оперски пејачи.
Претседателот на Комисијата за култура при Советот на општина Штип Иван Бојаџиски и директорот на Домот на млади Горан Трајков го открија спомен обележјето во честа на првата опера. Потоа учениците од Државниот музички училишен центар кој го носи името на својот создател Сергеј Михајлов изведоа повеќе арии од познати опери. Пијано придружбата беше на професор м-р Трајче Роглев.
Прекрасни оперски изведби слушнавме од Сања Димова, Марија Ѓеорѓиевска, Сара Јанева, а Сања и Марија настапија и како дуо.
Во продолжение донесуваме неколку фотографии од преубавиот културен настан.