Штип, 26.05.2020
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Штип на денешниот состанок донесе заклучоци за дезинфекција на повеќе таргет локации во градот и во индустриските зони.
Такви „операции“ ќе се спроведат пред:
-Сите текстилни компании;
-Во автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички
-Пред угостителски објекти кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали
-Од денес волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење на заштитни маски пред текстилните фабрики.
-Ги повикуваме сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општински штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности,се вели во соопштението.
Командантот на штабот Благој Бочварски упати апел до граѓаните , да бидеме внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита на сите нас. Институциите ќе ги превземат своите активности, потребна е поддршка од секој еден граѓанин и секоја компанија.