Штип, 28.04.2020
Тетовската фирма „Еколог интернационал“ и семејството Дестани денеска на Општина Штип и даруваа 50 таблети. Донацијата, во името на градот ја прими градоначалникот Благој Бочварски. Таблетите ќе им бидат поделени на деца од основните училишта кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.
Овие таблети ќе им помогнат на многу деца да ги следат онлајн часовите додека трае вонредната состојба.
„Сакам да упатам огромна благодарност до фирмата „Еколог интернационал“ и семејството Дестани од Тетово кои во овие тешки моменти за државата покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети насекаде во државата.
(т.с.)