Штип, 08.03.2019
Во само еден работен ден, на 7 март, 890 штипјани се појавија во просториите на изборната комисија и го ставија својот потпис со поддршка за Стево Пендаровски, кандидат за претседател на државата од СДСМ и бројните коалициони партнери.
-Нашата проценка беше дека Штип ќе обезбеди околу 500 потписи, но работата и на наше огромно задоволство излезе над сите наши очекувања. Очигледно е дека Штип, кој е еден од најзначајните политички центри во државата, си кажа кого сака да го види на чело на нашата држава во наредните пет години, ни изјави Никола Тушев, претседател на Општинската организација на СДСМ.
Првиот штипски социјалдемократ е убеден дека на изборите во иднинот месец штипјани масовно ќе гласаат за Пендаровски и дека тој ќе биде избран за претседател уште во првиот изборен круг.
Инаку, вчера во целата држава за еден ден во знак на поддршка на Пендаровски за претседател на државата се собрани над 32.000 потписи