ШТИП: Знамето кренато, „Макфест“ вечерва може да почне
Штип, 21.10.2022
Со кревање на макфестовското знаме и официнално почна 37.издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Организаторите и покровителите на денешната прес-конференција објавија целосна подготвеност за првата вечер која започнува вечерва од 20 часот во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“.
Александар Арсовски, одговорно лица за организацијата на фестивалот најави одлична прва вечер.
-Општина Штип како организатор и покровител на „Макфест“ оваа година навремено и во целост ги заврши подготовки за почеток на истиот. Очекуваме многу нови хитови. Новиот концепт не ги вклучува стандардните награди, со што Фестивалот нема да биде од натпреварувачки карактер, туку ќе има за цел да произведе квалитетни мелодии кои ќе останат запаметени и слушани, рече Арсовски.
ПОСЕБНО: Што се однесува до уметничкиот дел, едногласно се одлучивме за еден концепт, којшто ќе го направи ова издание посебно. Ние го носиме новиот сјај, не го враќаме стариот, стариот останува во историјата, нашата идеја и реализација е за една нова димензија и тоа ни беше идеја водилка за годинава, посочи Роберт Саздов, уметнички директор на „Макфест 2022“.
Роберт Саздов, уметнички директор на „Макфест“ најави успешно 37. издание со нова димензија.
-Би сакал да ја пофалам организацијата. Не сум бил на сите 37 изданија, меѓутоа ова што сега го гледаме навистина е феноменално. Се’ функционира какој швајцарски часовник. Што се однесува до уметничкиот дел, ние едногласно се одлучивме за еден концепт, којшто ќе го направи ова издание посебно. Ние го носиме новиот сјај, не го враќаме стариот, стариот останува во историјата, нашата идеја и реализација е за една нова димензија и тоа ни беше идеја водилка за годинава, посочи Саздов.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потсети дека на Фестивалот ќе има различна музика за сечиј вкус, па затоа нема да биде трка за награди, туку промоција на добра музика.
-Се е подготвено за Штип наредните два дена да биде епицентарот на македонската забавна музика. Штип ќе пулсира во знакот на „Макфест“. Она коешто на мое огромно задоволство ќе се случува е нов концепт, кој ќе го одбележи новото време. Мелодиите ќе дадат една нова вредност во забавната музика во Македонија. Сето она што го подготвивме сега нашите сограѓани и гостите ќе имаат можност да го слушнат во Штип“, истакна Јорданов.
„Макфест“ е финансиран со шест милиони денари од Општина Штип и спонзори, поддржувачи и пријатели. Општината нема да претрпи финансиски загуби, тврди градоначалникот, а средствата се доволни за достојно одржување на Фестивалот.