Штип, 28.12.2019
Изложба на фотографии преку кои се гледа голготата на македонците во вителот на граѓанската војна во Грција, а од која војна се навршија 70 години од нејзиниот крај, денес беше претставена пред штипјаниу.
Организатор на изложбата е друштвото „Македонски Егеј“, а за истата зборуваше Јордан Тунев, претседател на друштвото.
На отворањето беа прочитани песни од конкурсот за најдобра песна посветена на овој настан, а покрај Тунев за голготата на Македонците зборуваше и пратеникот Рубин Земон.
Изложбата е поставена во изложбениот салон во Домот на култура „Ацо Шопов“ и ќе трае до крајот на идната недела.