Штип, 19.10.2017
Илчо Захариев, нарцисоидниот штипски градоначалник со изминат рок на траење, продолжува да се игра со судбините на луѓето. Вчера тој на вработен информатичар во општината му дал отказно решение само затоа што момчето, на својот фејсбук профил, напишало дека ќе гласа за Благој Бочварски од СДСМ, кој е кандидат за градоначалник на Штип.
Овие денови пак Захариев го прекинал договорот за дело на млада жена која била во седмиот месец од бременоста. И во овој случај на човекот кој направи многу злосторства врз граѓани на Штип не му се бендисувало размислувањето на односната вработена во однос на тоа кој во наредниот период треба да ја води општината. За очекување е дека барем во овој случај со свој став ќе се изјаснат организациите за правата на жените и ќе побарат појаснување од забеганиот градоначалник.
Информатичар вработен во општината напишал на фб дека ќе гласа за Бочварски, Илчо експресно му врачил отказ. Млада жена во седми месец бременост не му била по воља на Нарцисот, па тој и го прекинал договорот за дело…
Секако дека оштетените имаат право правдата да си ја бараат пред институциите на правниот систем кој, барем во Штип не си ја вршат добро работата. Доказ се 41-та кривична пријава поднесени во изминатите четири години против Захариев при што, според зборовите на Нарцисот, ниту една не била процесуирана. Колекцијата на кривични пријави на Захариев по овие два скандали ќе му биде зголемена на 43!
Во меѓувреме, поголема група граѓани, тешко оштетени од самоволните постаpки на Захариев се собраа и ги договорија своите натамошни чекори за поднесување колективна кривична пријава против овој лик. Кривичната пријава ќе биде темелена на систематско и смислено уништување на семејства и институции кои некогаш биле городост на градот. (и.б.)