Штип, 23.06.2022
Во „најживата“ штипска населба „Сењак“ денес е предадена во употреба новата раскрсница која освен што обезбедува значително повисоко ниво на безбедност во сообраќајот му дава и нов, преубав сјај на овој дел од градот.
-Во изградбата на оваа раскрсница Министерството за транспорт и врски вложи 12 милиони денари. На улиците Сремски Фронт и Борис Крајгер поставен е нов асфалт а раскрсницата има и најмодерна светлосна сигнализација, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и враски.
Според Бочварски од идниот месец во Штип ќе започне поставувањето на оградата на левата страна од коритото на реката Отиња во што Министерството ќе вложи 5,5 милиони денари.