Штип, 17.02.2023
Група пациенти кои боледуваат од дијабет денес протестираа во Клиничка болница бидејќи таму им рекле дека немаат инсулин кои тие го употребувале двапати во денот за регулирање на нивото на шекер во крвта.
-Три пати ми го менуваат инсулинот, го немаат оној тип на инсулин кој ми е пропишан и кој одлично ми го регулира шекерот во крвта, а јас стопати сум рекла дека не сакам промени…Инсулинот кој мене ми одговара го нема и сега пак треба да го менувам, тоа е многу неодговорно од раководството на болницата, рече една пациентка.
Други двајца пациенти пред новинарите говореа и за проблемот со недостатопк на лентички за мерење на шекерот во крвта, па морале сами да си ги набавуваат по високи цени.
-Со месеци не можеме да добиеме лентички иако на нив имаме право, приморани сме да си ги купуваме од аптеките каде едно пакување за месец дена чини 800 денари. Нема ниту апаратчиња, јас него го позајмувам од соседот, на раководството во болницата не му е гајле за нас, рекоа овие пациенти.
Од Клиничка болница до медиумите пристигна следниот одговор:
„На истото прашање оваа недела по вторпат одговараме. Укажуваме на фактот дека има недостаток само на еден тип на инсулин, а за него постои замена која ние ја имаме. До колку се јави потреба нашите ендокринолози можат да ја корегираат терапијата со заменски тип на инсулин кој недостига, а се со цел да нема прекин на инсулинот“, гласи писмената изјава која раководството на Клиничка болница ја достави до медиумите.
Пациентите не ги интересира кој за што е одговорен, тие само бараат на време и во определените количини да ги имаат инсулинот кој им е препишан од специјалист и лентичките за мерење на гликемијата, зашто тоа е услов да си го сочуваат здравјето, а неретко и самиот живот.
Во изјавата од болницата која е од регионален карактер велат дека кога ќе им бил испорачан инсулинот како и лентичките за мерење на гликемијата било прашање кое новинарите требало да го достават до Министерството за здравство бидејќи ова министерство ги врши јавните набавки додека Клиничка болница ги врши месечните порачки за своите пациенти.
Секако дека пациентите не ги интересира кој за што е одговорен, тие само бараат на време и во определените количини да ги имаат инсулинот кој им е препишан од специјалист и лентичките за мерење на гликемијата, зашто тоа е услов да си го сочуваат здравјето, а неретко и самиот живот. Секогаш и во секое време, како што е тоа во секоја уредена држава.