Штип, 25.07.2019
Музиката на новата генерација. Под тој наслов вечерва штипјани ќе можат да ја слкушнат музиката на четворица млади штипјани на возраст од 14 до 25 години. Тие ќе се претстават со свои авторски песни и музика која досега не е слушната на јавен простор.
Даниел, Димитри, Дејви и Мартин се самоуки музичари, вљубеници во инструмените на кои свират и песните кои ги создаваат, а кои вечерва ќе ги презентираат пред штипската публика.
Тое е таа музика на новата генерација, а оваа млада штипска музичка четворка очекува полна летна сцена во Домот на млади.
Програмата започнува во 21,30 часот, а завршува на една минута пред полноќ.