Штип, 14.12.2021
Одрон на голема карпа од Исарот ја затвори пешачката патека под средновековната тврдина која минува покрај реката Брегалница. Одронот се случил синоќа, околу 22 часот, а голема среќа е тоа што во тој миг, најверојатно поради студеното време на патеката немало шетачи.
-Одронот е настанат како резултат на обилните врнежи од дожд кои деновиве ги имавме во Штип. Ние веднаш ја затворивме делницата од местото на кое се ставени справите за вежбање па се до Ново Село. Таа ќе остане така се додека за решавање на проблемот не се изјаснат експерти-геолози бидејќи не само што треба да се исчисти теренот од паднатите карпи туку треба да се срушат и карпите кои се опасно надвиснати над таа локација, рече Игор Ефремов, директор на ЈП „Стипион“.
Според Ефтимов надвиснатите карпи ќе бидат срушени со посебна машина наречена клукач.