ШТИП: Од десет градови со кои Штип е збратимен или има потпишано меморандуми за соработка четири се од Бугарија и ниту еден од Србија
Штип, 30.03.2023
Од страна на Бугарија на адреса на нашата држава почесто се испраќаат пораки дека ние не сме ја сакале соработката со нив со што, според бугарските тврдења, се докажувал анимозитетот кој сме го имале кон нивната држава и бугарското општество.
Неретко, во таквите објави, од Бугарија ќе слушнеме тажачки дека ние македонците повеќе сме ја сакале Србија отколку Бугарија.
Но, еве еден мал демант за божемниот „анимозитет“ кој Македонија го покажувал кон соседна Бугарија.
Штип, како најголем град во Источниот регион и регионален центар со близу 50.000 жители, низ својата историја се има збратимено со три градови од три држави. Тоа се Сплит-Хрватска, Лежа-Албанија и Ќустендил-Бугарија.
Во истиот период Штип има потпишано меморандуми за соработка со поголеми или помали општини од седум држави од кои три се од Бугарија.
Тоа се:Општина Ѓонгош-Унгарија, Општина Киркларели-Турција, Општина Плошти-Романија, Општина Мурска Собота-Словенија и општините Кварна, Гоце Делчев и Стражи од Република Бугарија.
Сé заедно Штип потпишал документи за соработка со вкупно десет општини од кои дури чети (или 40 проценти) се општини во Бугарија и ниту една од соседна Србија!
Друго е прашањето на кое ниво е соработката со сите збратимени градови и како се остваруваат меморандумите за соработка помеѓу општините кои ги имаат потпишано, но бидејќи пред фактите и боговите молчат ние ја даваме оваа информација на увид на јавноста за работите да станат нешто појасни.