ШТИП: Празник на културата во првиот Град на култура во независна Македонија

Штип, 13.03.2022

Штип вчера, преку целиот ден се до доцна во ноќта беше главниот град на културата во нашата држава. Со поголем број културни настани свечено беше предадена во употреба уменичката галерија „Галерија 22“ во Домот на култура „Ацо Шопов“. Се работи за комплетно реновиран и модернизиран поранешен Изложбен салон-фоаје на простор од 180 метри квадратни. Галеријата изгледа волшебно и веруваме дека не постои уметник кој не би сакал да има свој настап во еден толку преубав културен простор.

-Денес, на свечен начин и со бројни настани од областа на културата, ја предаваме во употреба „Галерија 22“, еден преубав културен простор кој го ставаме на располагање на уметниците од сите профили од Штип, регионот, државата, Европа и светот. Вложивме многу труд Штип да добие вакво катче за потребите на културата и уметноста,и сме горди на ова наше остварување бидејќи во него се вложи целиот наш персонал. Штип во 2004 година беше првиот град во државата кој ја понесе титулата „Град на културата“, а ние таа убава културна приказна за нашиот Штип, со отворањето на „Галерија 22“ само ја надоградуваме давајки и една нова димензија, рече Трајков.

Во пладневната програма која започна точно на пладне беше отворена изложба на слики од Валентина Илијевска, уметничка од Куманово. Потоа на ред дојде промоцијата на поемата „Цветко“ од писателот м-р Трајче Кацаров. Оваа поема е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година. За најновото дело на Кацаров зборуваа проф.д-р Христо Петрески и проф. Гоце Ристовски, додека извадоци од поемата читаа студенти на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Младите фолклористи од КУД „Ристо Донев-Учителот“ пред бројната публика настапија со ревија на народни носии. Според Благој Донев, првиот човек на ова друштво, некои од носиите се постари од сто години, а младите фолклористи заработија голем аплауз за својата посветеност на националниот фолклор.

Во приквечерните часови беше отворена изложбата на слики-дела на жени уметнички од Штип, Виница и Кочани. Со свои дела се претставија Катица Алексова, Благица Стојановска и Маријана Иванова од друштвото за ликовна уметност УМ од Виница, од Кочани своите дела ги презентираа Александра Димитрова, Нада Ѕмбова Донева и Марија Мицова Гацова, а од Штип свои слики презентираа Нада Накова и Верица Наумова.

По настапот на балетска група од Штип беше презентирано творештвото на Марјан Ангеловски преку промоција на четири негови книги.

Трајче Кацаров
Трајче Кацаров

t03

                   Младите фолклористи од КУД „Ристо Донев-Учителот“

t04

Гоце Ристовски и Христо Петрески (зад Гоце)

t01

  Бројна публика ги проследи сите настани

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе